Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Уапсени двајца Срби и Македонец поради убиство во Словачка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
ubistvo-slovacka

Двајца Срби кои нападнаа и до смрт го претепаа својот сонародник Никола Косаниќ (22) во Братислава во неделата, уапсени се во Унгарија и се обвинети за соучесништво во убиство, соопшти денеска словачката полиција. Третиот напаѓач, државјанин на Северна Македонија, уапсен е во Словачка, но против него се уште не е подигнато обвинение, пишува МИА.

— реклама —

„Во соработка со Националниот центар на Интерпол и унгарската полиција уапсени се двајца осомничени за напад врз Србин пред поштата во Братислава утрото на 8 декември”, се наведува во соопштението на словачката полиција.

— реклама —
— реклама —

Тие се уапсени врз основа на европскиот налог за апсење издаден од Првиот окружен суд во Братислава и се обвинети во отсуство. Во тек е процедура за нивна екстрадиција од Унгарија во Словачка.

Ако бидат прогласени за виновни ќе бидат осудени на казна затвор од седум до 10 години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања