Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Уапсени тројца дилери, пренесувале дрога од Струга кон Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
droga-prodazba

Основното  јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничените на 7 јануари , околу 1.40 часот  во патничко моторно  возило „алфа ромео“ неовластено заради продажба превезувале наркотична дрога марихуана. Дрогата во вкупна количина од 4574,2 грама била сокриена во повеќе пластифицирани вреќи. Тројцата осомничени ја превезувале дрогата во правец од Струга кон Охрид. Откако биле забележани од полицијата, осомничените се дале во бегство.  Возилото на осомничените било престигнато од полицијата и сопрено. Двајца осомничени, 23-годишен битолчанец и 43-годишен велешанец, веднаш биле лишени од слобода. Третото лице, 34-годишен битолчанец се дал во бегство, но по негово идентификување е пронајден и  лишен од слобода во Битола.

— реклама —

Судијата на претходна постапка од Основниот суд Охрид го прифати предлогот на обвинителството и на тројцата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена.

фото:Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања