Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Уапсени тројца мажи и тројца полицајци по исчезнувањето на маж во Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryio7grp0vamsf0A0xVhG

Белградската полиција уапси тројца мажи – Н.Л., С.М. и М.С. – по исчезнувањето на А.Н., а обвинителството се сомнева дека мажот е убиен, соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград.

Поради сомнение за соучесништво уапсени се и тројца полицајци – Б.М. (41), С.С. (33) и П.П. (47), кои се товарат за непријавување кривично дело и сторител.

— реклама —

Според обвинителството, Н.Л. е сопственик на локалот на Сењак во кој А.Н. последен пат бил виден.

А.Н. сè уште не е пронајден, а по апсењето на С.М. и М.С. во ресторанот биле пронајдени две чаури и траги од крв кои му припаѓаат на исчезнатиот маж.

— реклама —

Неговото исчезнување го пријавила невенчаната сопруга Ј.М., која последен пат се слушнала со него на 12 мај околу 23 часот, кога престојувал во ресторан на Сењак и се сретнал со пријатели.

— реклама —

„По 23 часот А.Н. престанал да ѝ се јавува, а мобилниот телефон бил исклучен“, се наведува во соопштението.

Во контејнер спроти локалот бил пронајден мобилен телефон „ајфон“ со непознат сопственик.

— реклама —

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што ќе бидат изведени на сослушување во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Истрагата продолжува, а полицијата и натаму трага по исчезнатиот А.Н.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 14 часа

— реклама —
media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 1 ден

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 2 дена

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања