Уапсениот организатор на тетовските протести, протестира со глад во затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-18-at-12.02.45

Петмината уапсени од завчера се во осумдневен притвор, а адвокатот на еден од нив најави дека наскоро ќе поднесат жалба. Блерим Ахмети, еден од организаторите на протестот во Тетово пред два дена ги известил властите на истражниот затвор Шутка дека започнал штрајк со глад, објави Алсат.

— реклама —

Од затворот за телевизијата информираат дека неговата здравствена состојба, во моментов е добра. Петмината приведени се сместени во посебни простории поради мерката за изолација за заштита од вирусот.

Пет лица од завчера се во осумдневен притвор од 8 дена.

— реклама —

Бесник Асани, адвокат на Ахмети, за Алсат најави дека наскоро до Судот ќе поднесат жалба на одлуката за притвор. Тој вели дека ќе побара пристап до целосните докази што ги поседува полицијата и обвинителството, за делата за кои е обвинет неговиот клиент.

Во меѓувреме, Секторот за внатрешни работи во Тетово не ја исклучува можноста за други апсења, иако во моментов нема.

„Обвинителството во соработка со полицијата работи на откривање на лицата осомничени за сторени кривични дела за време на протестот. Во моментов нема други лица сослушани. Нема други апсења“,

велат од СВР Тетово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања