Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Убедлива победа на Јоханис на изборите во Романија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
klaus

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис убедливо победи во вториот круг од претседателските избори во земјата, според излезната анкета.

Јоханис, шеесетгодишен поранешен професор по физика, освоил меѓу 64,8 и 66,5 отсто од гласовите, и така му го нанел најтешкиот пораз на кандидат на лева партија од падот на комунистичкиот режим пред триесет години. Вјорица Данчила, челничка на Социјалдемократската партија (PSD) и негова главна противкандидатка, освоила меѓу 33,5 и 35,2 отсто од гласовите. Данчила ја водеше романската влада речиси две години, пред во октомври годинава парламентот да ја разреши од должноста.

— реклама —

Партијата PSD која во Брисел ја сметаат за евроскептична, од 1990 година доминира во политичкиот живот на Романија. Но овие резултати укажуваат дека го плаќа данокот со сѐ поголем пад на довербата кај граѓаните, поради некои законски проекти кои беа оценети како обид за слабеење на антикорупциското правосудство и скандалите во кои беа вмешани многу нејзини функционери и пратеници.

Клаус Јоханис, кој беше јасен фаворит на овие избори, беше поддржуван од десетици илјади Романци кои од 2017 година континуирано излегуваат на улиците за да предупредат на реформата во правосудството која ја спроведуваат социјалдемократите.

— реклама —

фото: DW

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања