Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Пресврт: Скопјанец признал дека го убил лицето најдено мртво кај Смилковско Езеро, појаснил и како го извршил чинот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 23 минути -

Македонија
media-libraryalh5u8bpcbhn2KD3Qrf
Илустрација / Скопје1

Полицијата го расчисти случајот со убиството на 38-годишниот Ш.Е. од скопското село Љубин, кој на 21 ноември беше пронајден мртов на обиколницата „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера, по преземени оперативно-тактички мерки, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје го лишиле од слобода 38-годишниот Б.Ј. од Скопје, осомничен за убиството.

Со осомничениот бил извршен службен разговор, при што, според полицијата, тој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.

— реклама —

„Со Б.Ј. извршен е службен разговор, при што лицето го појасни начинот на извршување на кривичното дело“, информираат од МВР.

— реклама —

Телото на Ш.Е. беше пронајдено на 21 ноември, по претходно добиена пријава во СВР Скопје. При увидот била забележана прострелна повреда во пределот на ногата, а во близина на телото бил пронајден и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој претходно го управувал починатиот.

По целосното документирање на случајот, денеска, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полицијата поднесе кривична пријава по брза постапка против Б.Ј. за кривичното дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

— реклама —

Од МВР не го откриваат мотивот за убиството, ниту во каков однос биле осомничениот и убиениот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarypb7a7vdm20av55XKxDW

Смртта на 38-годишниот маж кај Смилковци се истражува како убиство, потврди Тошковски

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-librarypb7a7vdm20av55XKxDW

Камерите на „Сејф сити“ се користат во истрагата за убиството кај Смилковското Езеро

Македонија | пред 4 дена

media-libraryho8b3d3d3taedusI0MQ

Прострелна рана во ногата имал скопјанецот кој утрово беше најден мртов покрај „мерцедесот“ кој го возел: МВР со детали за случајот кај Смилковци

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања