Филип Секуловски Кобра, кој беше во бегство речиси две години, осомничен за убиството за Мартин Јанушев е однесен во затворот Шутка. Секуловски беше речиси две години во бегство и по него беше распишана меѓународна потерница откако избега веднаш по убиството на Јанушев на 4 ноември 2017 година во скопски Аеродром.
Неофицијално Кобра бил бегалец од затворот Идризово кој ден пред убиството бил пуштен на слободен викенд, по што му се губи трагата.
28- годишниот Јанушев беше фудбалер на клубовите Локомотива, Маџари Солидарност и 11 Октомври. Беше застрелан пред неговиот дом вечерта меѓу 3 и 4 нември 2017 година.
Мотивите за убиството не се познати.