Нови детали за минатото на Кристијан Алексиќ, осомничен за убиството на 19-годишниот доставувач во Дрниш, откриваат дека тој и претходно правел сериозни проблеми додека ја издржувал затворската казна за убиство извршено во 1994 година.
Според информации од хрватскиот правосуден систем, Алексиќ бил запаметен по агресивно однесување, закани кон затвореници и правосудни полицајци, како и по низа инциденти во повеќе казнено-поправни установи.
Извори тврдат дека поради неговото однесување бил ставен под посебен режим и на прошетки одел сам.
Хрватските медиуми потсетуваат и на инцидент од 2007 година во затворот во Лепоглава, кога Алексиќ нападнал друг затвореник со дрвена даска и нож.
Поради нападот добил дополнителна затворска казна од една година и четири месеци, како и мерка за задолжително психијатриско лекување.
Во својата одбрана тогаш тврдеше дека бил провоциран од другиот затвореник и дека „му се стемнило пред очи“ за време на нападот.
Вештачењето тогаш покажало дека нема душевна болест, туку нарушување на личноста и значително намалена способност за контрола на постапките во моментот на нападот.
Алексиќ претходно бил осудуван и за кражби, а сега е осомничен за убиството на 19-годишниот Лука М. во Дрниш.