Првоосмничениот Брентон Тарант (28) кој во вчерашниот терористички напад во местото Крајстчерч , Нов Зеланд, уби 49 луѓе, облечен во затворска облека, без чевли, и во лисици пред судот го изведоа двајца полицајци. Тој не зборувал пред судот.
Убиецот Тарант, кој е опишан како „бел националист и екстремист“, според присутните во судот, стоел мирно за време на постапката. Тој останува во притвор без можност за негово ослободување, а пред судот повторно треба да се појави на 5 април.
Уште двајца осомничени се во притвор, а никој од приведените нема полициско досие.
На сите фотографии неговото лице е замаглено според одлуката на новозеландскиот суд кој кажа дека идентификацијата на неговиот идентитет ќе биде важен дел во постапката против него.
По краткото сослушување одреден му е истражен затвор. Обвинет е за убиство на еден маж, првата идентификувана жртва, а тоа е 71-годишниот Дауд Наби, човек роден во Авганистан. Судот истакнал дека обвинението дефинитивно ќе биде проширено, најверојатно по идентификувањето на сите жртви.
Еден маж се обиде да влезе во судот во Крајстчрч, на кој пред судија беше изведен терористот. Тој наводно сакал да го нападне и со нож да го избоде терористот.
Неидентификуваниот маж наводно на новозеландски новинари им го покажал ножот што го имал со себе, пренесува Би-би-си.
Полицијата претходно објави дек поради големите тензии судењето ќе биде затворено.
Тарант пораснал во градот Графтон во Австралија, а пред нападот живеел во град на југот на Нов Зеланд, Данедин, кој е 360 километри одалечен од Крајстчрч.
Полицијата во моментов ги истражува неговите врски во Графтон и околината.