Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Убиен познатиот бугарски бизнисмен Илијан Филипов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
media-libraryisls4fucpevc8tHiIAJ
Принтскин / Youtube

Убиството на 53-годишниот бугарски бизнисмен Илијан Филипов ја вознемири јавноста во Бугарија, откако тој во текот на ноќта бил застрелан во Пловдив. Филипов беше сосопственик на една од најголемите транспортни компании во земјата, „ПИМК“, а воедно и сопственик на фудбалскиот клуб Ботев Пловдив.

— реклама —

Според првичните информации од истрагата, нападот бил извршен со огнено оружје, при што Филипов бил погоден во пределот на главата. Инцидентот бил пријавен околу 1 часот по полноќ.

По пријавата, бугарското Министерство за внатрешни работи презело голема полициска операција во Пловдив. Биле блокирани влезовите и излезите од градот, додека полициските екипи започнале потрага по сторителот.

— реклама —

Истрагата засега ги разгледува сите можни мотиви и верзии за убиството. Според првичните проценки на истражителите, начинот на кој бил извршен нападот укажува на организирана и однапред подготвена акција.

— реклама —

Филипов беше добро познат во бугарскиот бизнис-сектор. Компанијата „ПИМК“ со години е присутна во транспортот и логистиката, а неговите деловни активности опфаќале и градежништво и железнички сообраќај.

Во јуни 2023 година, Филипов го презеде управувањето со Ботев Пловдив, по што вложи значителни средства во клубот и неговата инфраструктура.

— реклама —

Полициските екипи продолжуваат со увидот и собирањето докази. За денеска е најавен вонреден брифинг на обвинителството и МВР во Пловдив, на кој се очекуваат дополнителни информации за околностите и мотивот за убиството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Лажен лекар од Бугарија мамел пензионери во Хрватска: Им кажувал дека децата им се повредени, па им земал 66.250 евра

Свет | пред 2 дена

— реклама —
jabolka

Бугарија враќа 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено количество пестициди

Балкан | пред 1 седмица

ilijana-jotova

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија: „Господине Радев, без вас немаше да успееме“

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryb9dli1v36cpnecj0Eyi

Бугарите денеска избираат претседател: Во трката Илијана Јотова и поранешниот премиер Андреј Ѓуров

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања