Во возилото на 60-годишниот скопјанец Васил Ефтимов кој вчера беше убиен кај Мавровка, не било пронајдено злато. Ова го потврдуваат и од Министерството за внатрешни работи. Оттаму посочуваат дека се спроведуваат активности за апсење на третиот осомничен кој учествувал во ликвидацијата.
„Во возилото не беше пронајдено злато, извршено е вештачење на сите предмети кои се од интерес на истрагата. Лицата кои беа инволвирани во убиството извршено на паркинг простор пред ТЦ “Мавровка”, каде беше застрелан В.Е.(59), се со криминално досие“, велат од МВР за „Скопје1“.
„Скопје1“ веќе во детали објави за профилот на убијците. Причината за убиството е изнуда, според првичните информации.
„Скопје1“ дознава: Осомничените убијци се од исто семејство од Чаир, еден е затвореник кој од април е во бегство
Изнуда е причината за убиството кај Мавровка, каде убиен е 60-годишниот Васил Ефтимов, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Осомничени остануваат три лица, од кои две се уапсени и се на распит, по што Обвинителството ќе одлучи дали ќе се бара притвор.„Скопје1“ дојде до детали околу уапсените лица, осомничени дека го извршиле убиството. Тројцата осомничени доаѓаат од исто семејство, кое живее во Чаир. Неофицијално, еден од осомничените по кој е во бегство и по кој се трага е затвореник, кој
Скопје | пред 1 година