Промени тема
Контакт

Убиството на Росица ја отвори сликата за институционалните пропусти: Судија дал условна казна и покрај докажани напади, сторителот имал седум пријави и активни мерки за забрана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
rosica-1

Илија С., кој на 15 септември во Велес ги уби својата поранешна девојка Росица Коцева и нејзиниот татко Киро, а потоа се самоуби, го сторил делото и покрај тоа што имал изречени судски забрани и условна казна.

Канал 5 објави дека судијата Шефшет Адеми претходно му изрекол условна казна за две кривични дела – Насилство и Загрозување на сигурноста – иако биле докажани обвинувањата. Во еден случај ја нападнал Росица додека го шетала кучето, удирајќи ја по глава и лице, а во друг, пред неа физички го нападнал нејзиниот партнер. Наместо затворска, добил условна казна поради „олеснителни околности“ – тоа што бил неосудуван и се однесувал коректно во судница.

— реклама —

Во меѓувреме, „Сакам да кажам“ објави дека во моментот на убиството против Илија биле активни две судски мерки: забрана за напуштање на местото на живеење – Скопје, како и забрана за приближување и контакт со Росица. Дополнително имал три заштитни мерки – забрана за закани, вознемирување и приближување на помалку од 100 метри од жртвата. Сепак, тој дошол во Велес и ги прекршил мерките. Ова го сторил и претходно, во месец мај, кога Росица пријавила во Обвинителството.

— реклама —

Росица претходно седум пати го пријавила во полиција, вклучително и за палење на автомобил и за други акти на насилство.

— реклама —

Граѓаните протестираа под мотото „Ниту една повеќе“, барајќи независна истрага за институционалните пропусти и пораката дека игнорирањето и минимизирањето на насилството врз жените може да има фатални последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya656tm8v26ru3PL5D60

Синот на познат режисер нема да добие смртна казна за убиството на своите родители

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Македонка осудена на осум години затвор во Австралија: Ја задушила 85-годишната соседка и го фрлила телото во река

Македонија | пред 4 седмици

media-librarybsattomtnk671tEAmvW

ТикТок инфлуенсерка убиена од сопругот откако јавно го обвини дека е педофил

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања