Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Реакцијата на убод од тигрест комарец може да трае со денови, предупредува докторка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library04vio6dtoekhdtedxHR

Докторката Љиљана Којиќ предупредува дека убодот од тигрест комарец може да предизвика значително посилна локална реакција отколку убодот од обичен комарец.

Таа објаснува дека кај тигрестиот комарец (Aedes albopictus) црвенилото, отокот и чешањето не исчезнуваат брзо, туку отокот може да се шири, да стане тврд и да предизвикува чувство на печење. Според неа, тигрестите комарци веќе пет до шест години се ендемски вид во Македонија, а нивната плунка содржи повеќе алергени протеини, поради што реакцијата е поизразена.

— реклама —

Како прва помош, таа препорачува на местото на убодот да се стави ладен облог и да не се чеша, бидејќи тоа може дополнително да го влоши воспалението и да доведе до инфекција.

— реклама —

За ублажување на симптомите, возрасните можат да користат антихистаминици, како лоратадин, додека кај децата треба да се применуваат препарати соодветни на возраста и по препорака.

Докторката советува граѓаните да се заштитат со употреба на репеленти, комарници и други средства против комарци, особено при престој на отворено.

— реклама —

Вообичаено, реакцијата се смирува во рок од 48 до 72 часа. Доколку отокот не се намалува, продолжува да се шири или се појават силна болка, висока температура или знаци на инфекција, потребно е да се побара лекарска помош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања