Учебната година ќе почне на 1 октомври, Заев кажа и детали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-vlada-1

Тенденцијата на новата Влада ќе биде учебната година да започне на први октомври, рече мандаторот Зоран Заев, според кого, тоа е опција за да се спроведат протоколите, промена на законите, како и комплетна подготовка на онлајн-платформите за учење.

— реклама —

„Владата ќе ги донесе сите одлуки навремено, каде веќе се изградени политиките врз основа на здравствената комисија, проценките на образовните профили во државата и имаме од прилика чиста ситуација. На првата седница ќе ги донесеме сите конкретни одлуки. Почетокот на школската година ќе биде први октомври, дека ќе почне со селекција на еден дел на децата кои што треба да ги описмениме, а тоа се првите одделенија, а онлајн наставата ќе биде концепт за сите, со проценки на самите општини и слично. Имаме конкретен план, со сите анализи, за да може образовниот процес да тече и да го заштитиме нивното здравје, како и здравјето на нивните семејства“, рече Заев.

Одлуката ќе биде донесена на првата седница на Владата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања