Учебникот по географија за втора година гимназиско образование, од денеска е повлечен од употреба, одлучи МОН, по препорака на Комисијата откако албански невладини организации и функционери реагираа дека содржи навредливи содржини за Албанците. Министерката за образование Мила Царовска денеска го потпишала решението на Комисијата со кое спорниот учебник се повлекува од настава..
Учебникот е одобрен по наставна програма од 2002 година.
Комисијата констатирала дека учебникот е преоптоварен со статистички и други податоци и факти кои не одговараат, согласно со дидактичко-методскиот пристап, за возраста на децата.
фото: Архива