„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Ученици од „Никола Карев“ го дотераа дедо Исмаил кој со децении е бездомник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
276993436_10223691412887987_8800210444656652130_n-1

Професорката по социологија од СУГС Гимназија „Никола Карев“, Валентина Панџарова на социјалните мрежи ги пофали своите ученици за направеното добро дело. Имено, учениците го почестиле бездомникот кој често седи пред гимназијата со разговор, сендвич, чист џемпер и маица и стрижење и бричење во берберница во ТЦ „Лептокарија“.

— реклама —

„Дедо Исмаил е 38 години бездомник.Одамна го гледаме на ќошот на Гимназија Никола Карев ,седнат, полуслеп,истоштен...во придружба на кучето,па и тоа бездомник...Одвреме,навреме децата му оставаат сендвич,кој го дели рамно на пола.Пола за него,пола за другарчето. Вчера,учениците од Карев разговараа со него за животот,за здравјето,за потребите...Скромен,вели не му треба ништо освен чист џемпер и маица. За кратко време му ги подарија. Деца се тоа,чисти,жалосливи искрени... Прашаа што може друго да сторат за него. Дедо Исмаил одвај проговори дека би сакал некогаш да се избричи. Лека,полека, колку му дозволуваат годините што му натежнале, во придружба на Каревци го однесовме до првата берберница, каде љубезниот персонал го дотера.Горда сум на вас деца, знам колку е убаво чувството кога теоријата ја оставате во училница. Делата се битни“, стои во објавата.

/277121965_10223691411127943_9170514330983370221_n-e1648219499824-720x430" rel="attachment wp-att-174824">

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања