Промени тема
Контакт

Ученици останаа без превоз, ЈСП ја исклучи линијата со број 33

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
jsp

Јавното сообраќајно претпријатие пред неколку дена ја исклучи приградската линијата со број 33 која е единствена што директно го поврзува Долно Лисиче со општина Аеродром. Причина што автобусот кој сообраќа 12 години, а од кој зависи одењето на училиште на многу ученици, а и на граѓани за до нивните работни места е тоа што претпријатието нема пари за да го регистрира овој автобус, а друг за замена нема. Жителите се гневни бидејќи тие и нивните деца трпат и секојдневно се снаоѓаат за нешто што им следува и што никој нема право да им го одземе, а тоа е редовниот автобуски превоз.

Тројцата возачи кој ја должат оваа линија останаа дома на принуден одмор. Средношколците кои учат во СМУГС „Панче Караѓозов“, од СУГС „Марија Кири Склодовска“, во хемиското училиште, а и во СУГС „Владо Тасевски“, кои ја користат оваа линија, бидејќи друг автобус кој сообраќа од Долно Лисиче и минува директно низ Горно Лисиче, па стасува до Центар, нема. Сега се снаоѓаат како знаат и умеат. Голем дел од учениците задоцнија на првиот училишен ден поради исклучување на оваа линија.

— реклама —

Оброзложението од директорот на ЈСП, Драган Кушовски е дека проблемите во претпријатието се решаваат во рамките на можностите.

„Проблемите кои ги имаме се решаваат во рамките на можностите и ресурсите кои ги имаме. Како што сум запознаен има друга линија што може да се користи. Линијата не е укината, но ќе проверам кога најбрзо може да се стави во функција“, вели директорот Кушовски за овој голем проблем кој ги затекна учениците на почетокот на школската година.

— реклама —

Редакцијата на МКД.мк му појасни на директорот дека приградските линиите со број 31 и 33, иако тргнуваат од Долно Лисиче, имаат сосема различни автобуски постројки на поаѓање и различна траса на движење. Од раководството на ЈСП добивме ветување дека ќе се искористат сите можности за да се врати оваа линија и официјален одговор очекуваме во текот на денешниот ден.

На официјалната страница на ЈСП си стои распоредот дека автобусот со број 33 вози иако линијата е исклучена.

— реклама —

Јавното сообраќајно претпријатие подолго време се соочува со недостиг на автобуси и со проблеми со превозот. Градоначалничката Данела Арсовска вели дека работата ја кочат советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои не сакаат да ја изгласаат програмата за работа на јавните претпријатија.

Премиерот Христијан Мицкоски за овој проблем изјави дека немањето превоз нема да се реши со набавка на нови автобуси бидејќи тоа е процес кој ќе трае и периодов повторно би имало проблеми со превозот.

— реклама —

И додека надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, најмногу трпат граѓаните кои секојдневно имаат главоболки и нервози со што тие да стасаат на работните места, а учениците да стасаат до училиште.”, пишува мкд.мк.

https://mkd.mk/uchenici-ostanaa-bez-prevoz-jsp-nema-pari-za-registracija-i-ja-iskluchi-linijata-so-broj-33/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања