„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на обука во Шпанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ucenici-spanija-1

Во рамките на Еразмус плус- програмата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, наставници и ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“, три недели престојуваа во Барселона, во реномираниот хотел Campanile. Беа вклучени тројца професори и деветнаесет ученици од угостителско-туристичката струка.

— реклама —

Учениците од различни образовни профили беа работно ангажирани на разни позиции во хотелот како рецепционери, готвачи и келнери. Нивните работни ангажмани беа поврзани со прием, сместување, испраќање гости и други услуги на рецепција, подготвување разни видови храна и пијалоци, работа на шанк, послужување на храна и пијалоци, подготвување сали за конференции, семинари и сл. Сето тоа им овозможи на учениците да ги покажат и развијат стекнатите знаења и вештини, професионално да се надградуваат, тимски да работат, им даде нови идеи и инспирации, со еден збор, едно големо и позитивно искуство. Покрај стекнувањето нови практични знаења и вештини, учениците имаа можност да се дружат, да запознаат нови предели и култури.

— реклама —

За време на нивниот престој, учениците со пригодни активности презентираа дел од убавините на Македонија и Охрид, а приготвената традиционална македонска храна создаде мост на кулинарски култури и пријателства.

По завршувањето на работната пракса во Шпанија, за овој проект на учениците им беа доделени меѓународно признати сертификати, кои ќе им помогнат во нивната професионална кариера.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања