Членовите на Комисијата за заразни болести не дискутирале да се укинат маските за учениците и наставниците во училиштата. Скринингот е завршен, трансмисијата е мала.
„Стабилна е состојбата во училиштата. 0.8 отсто е трансмисијата меѓу учениците, покажа стрингот кој е направен додека мора да се носи маска во училиште. Дали може да се очекува истото со укинување на маските, тоа е нелогично. Треба да се укинат маските, па да се следи трансмисијата. Не е дискутирано за укинување на оваа мерка“, рече Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.
Се укинуваат сертификатите за вакцинација за влез во одредени затворени објекти
Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок одлучи да се укинат задолжителното поседување на сертификати за вакцинација, за влез во моловите. Сега, повторно ќе има нова кампања за да се поттикне вакцинацијата, но без оваа рестрикција. Сертификатите за влез во кафеани и ресторани, остануваат.„Да се препорача укинување на задолжителните сертификати за во молови, односно онаму каде е задолжително носење на маски. Ова е олеснување на рестриктивните мерки. Ќе бидеме внимателни“, рече Александ
пред 4 години