Промени тема
Контакт

„Уценувачки е одбивањето на понуденото зголемување на платите на наставниците“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
uchilnica-uchilishte-uchenici-uchebna-godina-1000x600-1

Владата предводена од СДСМ како никоја досега претходно покажа вистинска грижа за образованието како клучен сектор во нашето општество, вели СДСМ

„Во разговорите со СОНК, Владата понуди зголемување на платите на наставниците од 10 отсто, односно раст за 2.500 денари во просек, како и методологија со која се обезбедува континуиран раст на платите и трајно решавање на социјалниот статус на наставниот кадар.

Уценувачки е одбивањето на понуденото зголемување на платите во време кога целиот свет се соочува со економска и енергетска криза.

— реклама —

Нанесувањето на штета на учениците кои треба да продолжат да ја следат наставата е крајно неодговорно. СОНК со одбивањето на понудата личните интереси ги стави пред интересите на децата.

— реклама —

Согласно Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во јавните установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите.

Солидарно и праведно е сега кога штрајкуват, платата да им ја надомести организаторот на штрајкот, а тоа е СОНК.

— реклама —

Сите мора да се водат од интересите на учениците, да не се дозволи прекинот на наставата негативно да влијае врз воспитно - образованиот процес на децата“, се вели во соопштението,

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања