Учесниците на протестот „Стоп кршење права и слободи, стоп вакцини, стоп 5G антени, стоп лажна пандемија“, треба да платат по 2000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
protest-1

— реклама —

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против вкупно 15 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, на 31 мај, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на ширењето на заразната болест COVID-19.  Имено, иако со одлука на Владата било забрането групирање на повеќе од  5 лица на јавни површини, тие се собрале на булеварот „Илинден“ во близина на зградата на Владата, каде учествувале на јавен собир под мотото „Стоп кршење права и слободи, стоп вакцини, стоп 5G антени, стоп лажна пандемија“.  Обвинетите биле затекнати од полициски службеници при извршена контрола на местото на настанот.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител предложи на секој од обвинетите да му биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања