„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Учество на министерот Никола Димитров на квадрилатералната средба во Солун

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
MFA_8353

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Џорџ Катругалос, учествуваше на четвртата четирипартитна средба на Министрите за надворешни работи на Република Македонија, Република Албанија, Република Бугарија и Грција, што се одржа на 22-23 ноември 2018 година, во Солун.

— реклама —

 

— реклама —

Дискусијата на состанокот претставуваше континуитет на разменувањето на идеи и видувања околу можностите за натамошно унапредување на регионалната соработка. Во фокусот беа прашања врзани со европските интегративни перспективи на земјите од Западен Балкан и иднината на Европа, како и други актуелни теми во области од заеднички интерес. На состанокот се дискутираше и за темите поврзани со значењето од економската соработка, инфраструктурната и енергетската поврзаност и унaпредувањето на прекуграничната соработка меѓу соседите.

— реклама —

Министерот Димитров, истакнувајќи ја определбата на Република Македонија за градење добрососедска политика, се осврна на активностите кои ги презема нашата земја како придонес во заедничките напори за обезбедување регионална стабилност и просперитет, а изнесе свои видувања и конкретни иницијативи околу идните перспективите на натамошната соработка. Тој рече: “Нашата соработка во Регионот е корисна за нашите општества. Ако можеме да ги усогласиме нашите интереси, тоа ќе ни помогне нас, но ќе и’ помогне и на Европа". Димитров оствари и одвоени билатерални средби со министерката на Република Бугарија, Екатерина Захариева како и со домаќинот, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Џорџ Катругалос. Со министерката Захариева разговараа за взаемните односи и перспективите за економски развој преку соработка на двете земји, како и чекорите кои претстојат во однос на евроинтегративниот процес на Република Македонија. Со алтернативниот министер Катругалос се дискутираше во насока на зајакнување на билатералната соработка, со посебен акцент на прекуграничната соработа, преку конкретни економски проекти кои воедно ќе придонесат кон зближување на двете општества. Министерот Димитров даде изјави за присутните грчки и бугарски медиуми.

На средбата, на која покрај Министрите за надворешни работи, учествуваа и Министри и високи претставници од Министерствата за економија на четирите земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања