„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Угинаа животни во скопската ЗОО, сомнежот е дека станува збор за труење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Скопје
berberski-ovci

Повторно угинаа животни во скопската Зоолошка градина. „Скопје1“ дознава дека станува збор за над пет берберски овци. Од Зоолошката градина ја потврдија информацијата, и посочуваат дека се сомневаат на труење. И за овој случај, не се објави додека не испративме прашања до раководството. Берберските овци угинале пред шест дена.

— реклама —

„Во вторникот, во живеалиштето на берберски овци при редовна утринска контрола пронајдовме угинати животни, кои немаа видливи знаци на повреди, ниту пак претходно покажале знаци на болест. Веднаш беа повикани инспектор од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направија целосен увид на лице место и ја отпочнаа постапката за обдукција на угинатите единки“, велат од Зоолошката градина.

Прашани за причината за смртта, велат дека тие се отруени.

— реклама —

„Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и ќе ги добиеме резултатите од обдукцијата. Се сомневаме дека станува збор за труење од гранки од растението тиса (taxus baccata) кое може да биде отровно за животните, додаваат од ЗОО Скопје.

Во изминативе над три години, угинаа жирафите, тигрицата, пингвин, имаше кланица со расните коњи. Евтаназирана беше и слоницата Дуња.

Досега, градоначалничката Данела Арсовска не побара никаква одговорност од в.д. директорот Зоран Попов кој и натаму е на чело на оваа јавна установа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања