Спласнува трпението кај сите. Естрадните уметници, угостителите, но и граѓаните чекаат дозвола за да можат да продолжат со работа. Одлука комисијата за заразни болести треба да донесе денеска. Доза оптимизам дава изјавата на министерот за здравство кој кажа дека по карантинскиот викенд ќе има олабавување на мерките, но и најави дека ќе се отворат угостителските објекти, кои ќе треба да работат по нови правила.
Сопствениците на угостителските објекти, сеуште со доза на неверување. Објектите ги исчистија, дезинфицираа и прилагодија на мерките уште пред 10 тина дена. Но, бидејќи се плашат дека и денеска повторно нема да добијат зелено светло за работа тие одлучија да го привлечат вниманието.
– По продолжениот карантински викенд, ги повикуваме сите сопственици на угостителски објекти од денеска во сите локали да се извади по некој звучник и да се пушти музика. Целта е да покажеме дека сме тука и полека да привлечеме внимание и да ги разбудиме луѓето и одговорните. Исто така, ќе извршиме дополнителен притисок, дека сме подготвени за поскоро отварање. Ве повикуваме сите заедно денеска точно од 12- 18 часот да пуштаме музика, секој по свој избор и да покажеме единство, се вели во писмото на дел од сопствениците на угостителските објекти.
фото: Архива