Независната угостителска комора бара преку дијалог со надлежните институции да се носат одлуки и решенија кои ќе бидат применливи за да може да работат и да ги намалат загубите предизвикани од пандемијата. Проценките на Комората се дека годината ќе ја завршат едвај со третина од приходите, поради што ќе неминовна ќе биде и рационализација на вработените.
– Проблемот со кој се соочуваме е дека Комисијата за заразни болести носи одлуки и протоколи што треба да ги имплементираме, а истите не сме во можност да ги спроведеме, бидејќи не се примениливи во пракса. Од друга страна носат протоколи со кои се прават настани од големи размери со неколку илјади луѓе каде што не можат да се почитуваат протоколи, а истовремено немаме протоколи кои можеби ги засегаат угостителските објекти, како што се оние за правење свадби и оние кои работат како ноќни клубови, изјави Златко Јосифовски, претседател на Комората која денеска го организира форумот „На иста страна“,објави Фокус.мк.
Според Јосифовски, угостителите не ќе можат да ги покријат ниту основните трошоци со приходите што ќе ги остварат годинава, а доколку не се изнајде начин како тоа да се надмине, поголем дел од нив нема да ја преживеат зимата.
Текстот во целост на:Фокус.мк.