„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Угостителите нема да ги користат мерките на владата, велат одјавени се 15.000 работници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ugostiteli

Околу 15.000 работници од угостителството се веќе одјавени од работа. Тоа е 60% од сите вработени во овој сектор. Угостителите велат дека веќе не бараат помош од Владата затоа што според нив тие мерки што им се понудени не им се од корист и дополнително ќе ги задолжат.

— реклама —

„Сакаме да и соопштиме на Владата дека угостителскиот сектор односно субјектите кои ги застапуваме нема да ги користат најавените мерки и дека средствата можат да ги насочат директно кон сите оние кои остануваат без работа или во сектори кои што мислат дека ќе постигнат ефект. Веќе е почнат процесот на одјавување и по наши информации 60% низ цела Македонија се одјавени вработените. Преземаме чекори за намалување на загубите и трошоците кои секојдневно се генерираат. Еден од тие чекори е и во состојба кога институциите не ни помогнаа да се грижиме за лицата вработени во овој сектор, сега ќе дозволиме директно за нив да им покаже грижа државата,“изјави Мартин Ангеловски,Групација за угостителство при ССК.

Ангеловски додаде дека субвенциите за плата од 14.500 денари, според најавите нема да можат да ги користат оние кои користат друга субвенција како таа за зголемување на платите во стопанството.

— реклама —

Инаку Угостителскиот сектор брои 29 000 вработени. Според официјалните статистики, на ниво на држава регистрирани се 6 000 угостителски објекти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања