Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

УЈП ја објави новата листа на должници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
dolg

Вкупно 1.995 фирми, или 16 повеќе од претходно, и 2.520 физички лица, 66 помалку од минатиот месец, се најдоа на најновата 10-та по ред за оваа година листа на неплаќачи на давачките кон државата.

— реклама —

Управата за јавни приходи објави дека вкупниот долг за разни даноци, царини и придонеси изнесува 10.114.683.435 денари, што за разлика од претходната листа е помалку за 84.458.111 денари.

— реклама —
— реклама —

И на ова листа има голем број јавни претпријатија, како на пример Македонската радио телевизија, ЈП за одржување на патиштата, Железница, потоа комунални претпријатија на неколку општини. Тука е и фирмата на Сеат Кочан „Трансмет“, која е во стечај, а и на оваа листа не изостана името на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу.

— реклама —

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.973.012.126 денари (помалку за 85.793.289 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 141.671.309 денари (повеќе за 1.335.178 денари од претходната листа).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања