Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

УЈП ќе поднесе кривични пријави за фирмите поврзани со Боки 13 - затаиле данок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Управата за јавни приходи изготви три кривични пријави за субјекти поврзани со случајот Рекет.

Како што информираат од УЈП, како резултат на контролите вршени во изминатиот период, кривични пријави наскоро ќе бидат процесуирани за невладината организација на Боки 13 Меѓународен сојуз, за Томато продукција и БЈМ медиа Груп, која ја основаше 1ТВ и чиј сопственик е таткото на Боки 13, Миле Јовановски, пишува Вечер. Повеќе детали не се откриваат, но како што е познато, минатата есен УЈП ја прошири истрагата за случајот Рекет и почна контрола на работењето на фирмите поврзани со Бојан Јовановски.

— реклама —

Според тогашните информации на УЈП, во фирмите на Јовановски се вршела даночна контрола, која не била по налог на Јавното обвинителство, туку на сопствена иницијатива на Управата, но со намера сомнителните наоди да им се предадат на обвинителите, што сега и се прави.

Исто така, на почеток на контролите УЈП прецизираше дека нема да се утврдува потеклото на парите, туку ќе се проверува дали за платите, хонорарите и за другите исплати во контролираните субјекти бил плаќан данок.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања