Промени тема
Контакт

УЈП удри по ситните трговци, затвора мали продавници, додека големите никој не ги чепка, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ujp

Изминатите неколку дена УЈП предводено од партискиот кадар на СДСМ, Сања Лукареска врши брутална хајка врз најситните трговци и продавници, додека големите трговци никој не ги контролира, вели опозицијата

"Под изговорот „контрола“ на маржите се удира врз најситните дуќанџии додека големите трговски субјекти блиски до власта се заштитени како бели мечки.

Тимови составени од партиски кадри влегуваат во ситните маалски продавници и врз строго селективни критериуми, политички селективно изрекуваат казни, и ги товорат со дополнителни трошоци осудувајќи ги на пропаст.

— реклама —

Тие не се задолжени да констатираат крупни неправилности туку да извршат хајка врз тие кои не мислат како власта.

— реклама —

Еден од таквите тимови на УЈП е предводен од Александар Ѓорѓиоски, претседател на младите на СДСМ Прилеп и актуелен советник, вработен во УЈП. Ѓорѓиоски наместо да се соочи со обвинителен акт поради тоа што во време на изборите се закануваше по безбедноста и животот на детето на прилепскиот градоначалник д-р Јовчески, тој дели казни во име на УЈП и затвора маалски дуќани низ градовите Охрид, Битола, Прилеп.

Ваквите политички мотивирани хајки говорат дека институциите се киднапирани, но и дека власта губи контрола соочени со драстично малата поддршка и револтот на народот поради неспособната влада.

— реклама —

Тоа значи дека на СДСМ му гори под нозе и доаѓа времето за одговорност за сите нивни злодела", се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања