Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

УЈП влезе во 611 дуќан и казни 114, Лукаревска нема да дозволи да се изигрува законот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-03-20-at-11.44.03

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, кажа дека инспекторите изминативе два дена казнувале низ цела Македонија за неприлагодени фискални каси, согласно владините одлуки за намалување на ДДВ-то со цел да се намалат цените. Најмногу неправилности имало кај трговци на мало со храна и пијалоци, трговци на мало со јајца, месо и производи со месо. Најмногу неправилности имало во Тетово поради неиздавање и неусогласени фискални сметки.

„Од 611 контроли во цела Македонија, кај 114 даночни обврзници имало неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Во контролата беа опфатени оние кои вршат трговија со храна и пијалаци на мало, трговија на мало со месо и производство на месо, трговија на мало со моторни горива. Во Скопје се извршени 136 контроли – 13 имале неправилност. Во Битола од 120 контроли – 41 неправилности. Во Прилеп од 93 контроли – 22 имале неправилност. Во Струмица од 85 контроли – 10 имале неправилност. Во Тетово 78 контроли - 26 имале неправилност. Во Штип од 99 само 2 имале неправилност“, кажа Лукаревска.

— реклама —

Според неа, овие трговци – лебот, брашното тип 400, јајцата, млекото, месото, шеќерот, оризот и зејтинот ги продаваа со пресметан ДДВ со 5 проценти.

— реклама —

„Изрекуваме глоби бидејќи алармиравме и претходно дека ќе одиме на терен. Имаа доволно време даночните обврзници да ги прилагодат своите фискални каси. Меѓутоа сметаа дека можат да го изиграат законот, но тоа не е така“, рече Лукаревска.

— реклама —

Таа апелираше, особено до големите маркети, да си ги прилагодат касите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања