„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Укинати забраните за камиони на овие патни правци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, со снег по коловозите.

— реклама —

Од 10:30 часот се укинува задолжителната зимска опрема на планинскиот премин Стража. Од 06:40 часот на патниот правец Велес-Катланово се укинува забраната за движење на тешки моторни возила. Во 07:10ч. укината е забраната за ТМВ на планински превој Ѓавато и Буково. Од 09:40 часот се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Градско преку планинскиот премин Плетвар. Од 07:15 часот се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец K.Паланка-Деве Баир и од 10:50 на патниот правец М. Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.

Забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци крак Маврово-Дебар, Дебар-Струга, Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека, крак Стража-Кичево, а за останатите возила задолжително употреба на зимска опрема, Тетово-Попова Шапка каде има забрана и за автобуси.

— реклама —

На патниот правец Демир Капија – Гевгелија кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е оспособен за сообраќај за сите возила.

На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања