Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Укинати забраните за камиони на панинските премини Буково и Ѓавато

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
48372034_10210501433691358_8811544708221239296_o

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата.

„Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово - Дебар, Гостивар - Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, патниот правец Прилеп-Мак.Брод на планинскиот премин „Барбарос“, како и на патниот правец Тетово - Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

— реклама —

Од 08.55.ч се укинуваат забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Охрид – Ресен преку планинскиот премин Буково и Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато“, велат од Македнијапат.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања