Украина е шокирана, но и бесна. Oчекува одговор од НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
ukraina1

Украина е во шок. Вчера, имено, Русија го изврши еден од најлошите ракетни напади во последните неколку месеци, при што беше погодена и главната детска болница во Киев. Во нападите загинаа 41 лице, а 166 беа повредени.

— реклама —

Две лица загинаа кога руски проектил срамни со земја дел од детската болница Охматдит - најголемата педијатриска установа во Украина, а потрагата по преживеани под урнатините продолжи денеска во раните утрински часови.

Русија негираше дека целта на болницата била, велејќи дека била погодена со фрагменти од украинска ракета за воздушна одбрана, додека Украина соопшти дека пронашла остатоци од руска крстосувачка ракета.

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече нападот „брутален“ и го опиша рускиот претседател Владимир Путин како „крвожеден криминалец“.

НАТО денеска се подготвува да одржи важен самит во Вашингтон, на кој одговорот на воениот блок на инвазијата на Украина ќе биде високо на агендата, особено во светло на вчерашниот напад.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, вчера попладне изјави дека во нападот на болницата се повредени 16 лица, меѓу кои седум деца.

Тој рече дека нападите низ градот се едни од најлошите со кои се соочил Киев од почетокот на војната и нареди знамињата да се спуштат на половина копје и откажани забавни настани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања