Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Украина избира претседател, фаворит комичарот Зеленскиј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
ukraina-izbori

Украинците излегоа на гласање, во кое комичар без политичко искуство може да победи уште во првиот круг. Володимир Зеленскиј (41) води во анкетите пред сегашниот претседател Петро Порошенко и поранешната премиерка Јулија Тимошенко.

— реклама —

Зеленскиј стана привлечен за гласачите кои се презаситени од вкоренетата корупција во земјата која стана централна тема на спорот меѓу Западот и Русија по безредијата и насилствата во пролетта 2014 година со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович наклонет на подобри односи со Москва. Потоа, новите украински власти во настојувањата да се демонстрираат антирусизам, донесоа неколку уставни промени кои доведоа до отцепување на руското мнозинство на црноморскиот полуостров Крим и вооружен бунт во југоисточниот регион Донбас.

Украина во последните две децении изведе две „обоени револуции“ поткрепени од Западот, кои на власт ги донесоа Тимошенко во 2005-та и Порошенко во 2014 година.

— реклама —

На изборите има дури 39 претенденти за претседателската должност. Како кандидат на новата партија Слуга на народот, финансирана од олигарски кои ги финансираат и радикалните националистички сили, е предложен шоументо Владимир Зеленскиј, кој и води во анкетите. Петро Порошенко е втор според рејтингот, а го следи Јулија Тимошенко од партијата Татковина, а далеку зад неа е најверојатно прорускиот кандидат од Опоициската платфорам – За живот, Јуриј Бојко.

Регуларноста на изборите ја следат над две илјади набљудувачи од 18 меѓународни организации и 18 земји.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања