Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Украина изгуби контакт со борбен авион Ф-16 за време на мисија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw
Photo by Mike Andersen on Unsplash

Украинското воено воздухопловство соопшти дека изгубило контакт со борбен авион Ф-16 за време на борбена мисија, откако на леталото настанала вонредна ситуација во лет.

— реклама —

Според соопштението на украинската армија, пилотот безбедно се катапултирал и бил пренесен во здравствена установа на преглед. Инцидентот се случил додека авионот учествувал во пресретнување руски воздушни цели на еден дел од фронтот.

— реклама —

Надлежните информираа дека на местото на падот работат истражители и експерти, а нема цивилни жртви ниту материјална штета.

Причината за инцидентот сè уште не е утврдена, а истрагата е во тек. Украинските власти не објавија дополнителни информации за рутата на летот или за точната локација каде што се случил инцидентот.

— реклама —

Украина ги користи борбените авиони Ф-16 од 2024 година, кога западните сојузници започнаа со нивна испорака за зајакнување на противвоздушната одбрана и поддршка на борбените операции.

— реклама —

Ова не е прв ваков случај. Во август 2024 година, еден украински Ф-16 се урна при одбивање руски ракетен напад, при што загина пилотот Олексиј Мес. Во април 2025 година животот го загуби и пилотот Павло Иванов, а во мај истата година беше изгубен уште еден Ф-16 по технички дефект, при што пилотот тогаш успеа безбедно да се катапултира.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања