Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Украина може да исчезне како држава, вели Лукашенко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
lukasenko-1

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба побрзо да се насочи кон преговори за да се спречи исчезнувањето на Украина како држава. Тој порача дека тоа го изнел на маргините на самитот на Заедницата на независни држави во Таџикистан.

— реклама —

Лукашенко рече дека во последните денови добил информации кои, според него, укажуваат оти главниот проблем не е во САД, ниту во Русија или во европските лидери, туку во самото украинско раководство.

„Мислам дека тој веќе почнува да го разбира тоа“, посочи Лукашенко, додавајќи дека е неопходно дејствување веднаш зашто одлагањето може да има катастрофални последици.

— реклама —

„Потребно е да се делува сега, бидејќи Русија напредува на првите линии. Знам што кажувам, бидејќи тоа го гледам секој ден. Тоа може да доведе до исчезнување на Украина како држава“, изјави белорускиот претседател.

— реклама —

Лукашенко предупреди и дека некои западни соседи на Украина имаат свои стратешки интереси и дека постојат сили кои, како што рече, себе си ги гледаат во западните делови на Украина. Тој оцени дека ситуацијата е многу тешка и повика на итни преговори:

„Се надевам претседателот ќе ги прифати моите предлози и дека ќе сфати оти вистинските партнери на Украина ѝ се нејзините словенски соседи. Потребно е да седнеме на преговарачкиот чин и да најдеме решение.“

— реклама —

Во врска со најавите за можни испораки на далекострелни проектили на Украина, Лукашенко повика на воздржаност и оцени дека такви потези може да доведат до значително ескалирање на конфликтот. Тој го опиша пристапот на САД како тактика која прво создава силен притисок, а потоа прави отстапки, и посочи дека не треба брзо да се верува дека констатираните наводи значат непосредна испорака на оружје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr49dgi46sb92zWpqdy

Поранешен соработник на украински премиер тешко повреден во експлозија на автомобил во Москва

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Руските компании ги преместуваат податоците во странство по украинските напади врз центрите за податоци

Свет | пред 3 дена

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 5 дена

media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања