Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Украина повторно во мрак по нови напади врз енергетската мрежа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
NEMA-STRUJA

Повеќе региони во Украина останаа без електрична енергија по новите напади врз енергетските објекти, соопшти компанијата „Укренерго“.

— реклама —

Според операторот на електроенергетскиот систем, прекини во снабдувањето со струја се регистрирани во Черниговската, Дњепропетровската, Сумската, Харковската, Одеската и Хмелничката област.

— реклама —

Од „Укренерго“ наведоа дека, каде што безбедносните услови го дозволуваат тоа, веќе започнале итни работи за обновување на мрежата и стабилизирање на снабдувањето.

Компанијата соопшти и дека утринската потрошувачка на електрична енергија била пониска во споредба со претходниот ден, што се поврзува со временските услови и зголеменото производство од соларните електрани.

— реклама —

До граѓаните беше упатен апел потрошувачката на електрична енергија да ја прилагодат на периодите кога соларните капацитети произведуваат најмногу струја, како и да избегнуваат истовремено користење повеќе уреди со голема потрошувачка во вечерните часови за да се намали оптоварувањето на системот.

— реклама —

„Укренерго“ претходно соопшти дека и во изминатите денови биле изведени масовни напади врз енергетската инфраструктура, кои предизвикале прекини во снабдувањето во повеќе региони, вклучително и во Киев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања