Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Украина тврди дека погодила руски танкер од „флотата во сенка“ во Црното Море

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library3lhtb02s7tt32eRgS2O
unsplash

Украинските вооружени сили соопштија дека извеле успешен напад врз танкерот „Фина А“ во Црното Море, брод кој, според Киев, бил дел од таканаречената руска „флота во сенка“ што се користи за заобиколување на меѓународните санкции.

— реклама —

Во соопштението на Генералштабот на украинската армија се наведува дека погодокот е потврден, додека во тек е проценка на причинетата штета.

Според украинските власти, станува збор за танкер што се наоѓа под санкции на Европската Унија, Велика Британија, Швајцарија, Канада и Украина, а бил користен за транспорт на сурова нафта и нафтени деривати.

— реклама —

Покрај нападот во Црното Море, украинските сили извршиле удари и врз неколку логистички и воени цели на руската армија на окупираните територии.

— реклама —

Меѓу погодените објекти се два патни моста во близина на Севернокримскиот канал и кај местото Воинка во Херсонската област, кои, според Киев, имале значајна улога во снабдувањето и движењето на руските сили.

Украинската армија соопшти и дека биле погодени командно-набљудувачки пунктови и командни центри на руските сили во близина на Велика Новосилка, во окупираниот дел на Доњецката област.

— реклама —

Независна потврда за тврдењата на украинската страна засега нема, а руските власти не се огласија веднаш по објавувањето на информацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr49dgi46sb92zWpqdy

Поранешен соработник на украински премиер тешко повреден во експлозија на автомобил во Москва

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Руските компании ги преместуваат податоците во странство по украинските напади врз центрите за податоци

Свет | пред 3 дена

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 5 дена

media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања