Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Украина уништи клучен мост на Крим, железничкиот сообраќај е во прекин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library21n29t81a23t3ooqRg7

Украинските одбранбени сили, со уништување на патен мост во близина на селото Роздолне, ја прекинале една од клучните руски рути за снабдување на окупираниот Крим, пренесуваат украински медиуми.

— реклама —

Според информациите, дел од урнатиот мост паднал директно врз железничката пруга што минува под него, поради што целосно е запрен железничкиот сообраќај на единствената линија што ја поврзува руската Краснодарска област со централниот и западниот дел на Крим.

Украинскиот медиум „United Media“, повикувајќи се на каналот „Кримски ветер“ на Телеграм, наведува дека мостот бил погоден во ноќта меѓу 18 и 19 јуни, кога бил нападнат и блискиот железнички мост над Севернокримскиот канал.

— реклама —

Неколку дена подоцна следувале нови напади, при што железничкиот мост претрпел дополнителни оштетувања, а сообраќајот на тој дел од пругата бил целосно прекинат.

— реклама —

Според истите извори, руските власти испратиле специјални возови и механизација за санација на оштетувањата, но украинските беспилотни летала повторно ја нападнале локацијата и ја уништиле опремата за поправка.

Поради оштетувањата, прекината е железничката врска кон клучните градови Симферопол и Севастопол, кои Русија ги користи за транспорт на воена опрема и логистичка поддршка.

— реклама —

Руските окупациски власти соопштиле дека патничките и товарните возови засега ќе сообраќаат само до станицата Керч-Јужна – Нов парк, сè додека оштетената делница не биде повторно оспособена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања