Службата за безбедност на Украина (СБУ) тврди дека за првпат во историјата руски бродови во близина на Севастопол на Крим биле нападнати од беспилотни бродови Sea Baby вооружени со ракетни фрлачи, пренесува „The War Zone“.
Украинската правда во понеделникот на својот портал објави видео од СБУ, на кое наводно се гледа споменатиот напад.
Васил Малјук, шеф на СБУ, за порталот „Украинска правда“ изјави дека на видеото се гледа како украинските беспилотни летала пукаат во руски бродови кои испловиле од пристаниште на Крим за да ги потонат.
„Дроновите не побегнаа откако Русите пукаа кон нив, туку веднаш се свртеа и возвратија“, вели Маљук.
Објавената снимка трае 15 секунди, а може да се види како биле испукани 14 проектили кон руските бродови. Се верува дека биле испукани од брод без екипаж, Sea Baby. На видеото не се гледа дали проектилите погодиле нешто.