Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Украинската армија: Експлодираниот објект кај Киев не е наш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
eksplozija-u-ukrajini-3-620x350

Украинскиот Генералштаб соопшти дека објектот во градот Вишневе, во близина на Киев, каде што по вчерашниот руски напад дојде до серија секундарни експлозии, не е во сопственост ниту под надлежност на украинските вооружени сили.

Портпаролот на Генералштабот, Дмитро Лиховиј, изјави дека во сила е наредбата со која е забрането складирање муниција и други слични материјали во близина на населени места и цивилни објекти.

— реклама —

„Украинските вооружени сили доследно се грижат за безбедноста на цивилното население“, порача Лиховиј, изразувајќи сочувство до жртвите од рускиот напад.

Во ноќта меѓу неделата и понеделникот, Русија изврши масовен комбиниран напад врз Украина со беспилотни летала и ракети лансирани од воздух, копно и море.

— реклама —

Според украинската противвоздушна одбрана, биле соборени 363 од вкупно 419 воздушни цели, но 29 балистички ракети и 18 дронови погодиле 34 различни локации.

— реклама —

Поради опасност од нови експлозии, од Вишневе биле евакуирани речиси 500 жители.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од безбедносните и разузнавачките служби детално да утврдат што се случило во Вишневе.

— реклама —

Според премиерката Јулија Свириденко, станува збор за најголемото уништување на станбени населби од почетокот на руската инвазија, при што биле оштетени околу 13 хектари станбена површина.

Во нападот врз Киевската област загинале девет лица, а 58 се повредени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Руските компании ги преместуваат податоците во странство по украинските напади врз центрите за податоци

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 4 дена

media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 5 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања