Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Украински дронови погодиле танкер и нафтено складиште во јужна Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryo6ron4utfflg0FlWUjD

Украински беспилотни летала во текот на ноќта погодиле танкер во руското пристаниште Таганрог и складиште за нафта во градот Армавир, соопштија властите во Ростовската и Краснодарската област на југот на Русија.

— реклама —

Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, објави дека пожарите што избувнале на танкерот и во пристаништето во Таганрог биле изгаснати, при што не е регистрирано излевање на нафта. Според неговите информации, две лица се повредени во нападот.

— реклама —

Градоначалничката на Таганрог, Светлана Камбулова, соопшти дека вонредната состојба во градот, која била воведена на 27 мај, е продолжена.

Во меѓувреме, властите во Армавир, град со околу 185.000 жители во Краснодарската област, информираа дека пожарот во нафтеното складиште во индустриската зона е ставен под контрола и дека нема повредени лица.

— реклама —

Според Сљусар, руската противвоздушна одбрана соборила речиси 50 дронови над Ростовската област. Напади биле регистрирани на повеќе локации во регионот, кој граничи со украинскиот Донбас, каде што се водат најинтензивните борби меѓу руските и украинските сили.

— реклама —

Руските власти наведуваат дека надвор од Таганрог е предизвикана само помала материјална штета. Од украинска страна засега нема официјален коментар за нападите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања