Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Украинскиот блогер Сергеј Стерненко: „Ако Зеленски предаде територија, ќе стане политички – а потоа и буквален – мртовец“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
1f8d93fe-192e-4557-b4a9-3992096b9087

Украинскиот воен блогер, активист и снабдувач со дронови Сергеј Стерненко преживеал четири обиди за атентат во последните седум години. Последниот напад, на 1 мај оваа година во Киев, го извршила 45-годишната Људмила Чимерска, која испукала најмалку три куршуми кон него. Еден куршум му го пробил бедрото, но тој успеал да преживее благодарение на телохранителите и брзата интервенција.

Стерненко, кој има повеќе од два милиони следбеници на YouTube и над 850 илјади на Телеграм, е едно од најпознатите имиња меѓу младите Украинци. Тој е националист, поранешен лидер на улични протести, адвокат и клучен недржавен снабдувач на украинската армија со дронови. Од почетокот на руската инвазија, преку донации собрал над 100 милиони евра за набавка на беспилотни летала.

— реклама —

„Знаев дека Русите ќе се обидат да ги убијат познатите Украинци. Да сум на нивно место, би направил исто,“ изјави тој за Times.

Стерненко остро ја отфрла можноста Украина да отстапи територија како дел од мировен договор со Москва.

— реклама —

„Ако Зеленски даде земја што не е окупирана, тој ќе биде леш – најпрво политички, а потоа и вистински. Тоа би била бомба под нашиот суверенитет,“ тврди блогерот.

Според него, компромис со Русија е невозможен: „Ќе има само еден победник – Русија или Украина. Ако руската империја опстане во сегашна форма, таа секогаш ќе сака да се шири. Борбата ќе трае сè додека Русија не ја напушти украинската земја.“

Иако е меѓу најпопуларните гласови во Украина, Стерненко често е во судир и со украинскиот политички естаблишмент, критикувајќи ја корупцијата во институциите. Неговите противници го обвинуваат дека избегнува фронтова служба, што тој решително го негира.

Руски служби, пак, го гледаат како приоритетна цел, пред сè поради дроновите што ги обезбедува за армијата.

Стерненко се вклучил во протестите на Мајдан уште како 18-годишник. Бил сведок на убиствата и насилството во Киев во 2013–2014 година, по што се приклучил на уличните судири во Одеса. Како лидер на локалната подружница на „Десен сектор“, бил сведок на крвавите настани на 2 мај 2014 година, кога во пожар во Домот на синдикатите загинаа 42 луѓе.

„Главната цел тогаш беше да ја ослободиме Одеса од корупцијата и од прорускиот криминален уплив,“ вели Стерненко.

Во мај 2018 година бил нападнат пред својот стан во Одеса. За време на тепачката, со нож убил еден од напаѓачите. Судиите пет години ја испитуваа неговата верзија за самоодбрана, а тој тврдеше дека е жртва на политички прогон од проруското судство. Во декември 2023 случајот беше затворен, а судот дури му го врати и ножот.

„Свесен сум дека мојот животен век е ограничен. Затоа морам да направам нешто корисно за својот народ и за Украина,“ порачува Стерненко, човекот што во Украина важи за симбол на отпорот, но и за мета – и дома, и во Москва.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library21n29t81a23t3ooqRg7

(Видео) Зеленски објави видео од нападот од 1.500 км далечина во Русија: „Ова е нова фаза“

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави извоз на украинско оружје

Свет | пред 18 часа

bespilotni-letala

Огромен удар за Русија: Украина собори 33.000 дронови за еден месец

Свет | пред 1 ден

media-library3u33jdl9ah1b3ZIQFlk

Што се случува со украинските деца кои Русија ги однесе – враќањето е само почеток

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања