Укринската победничка на Евровизија ја напушти Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
2928599_dzamala-5_ls-s

Пејачката Џамала која во 2016 година победи на Евровизија, по бегањето од Украина отиде во Истанбул, Турција.

— реклама —

Џамала во 2016 година ја претставуваше Украина на Евровизија. Таа сега ја напушти сопствената држава поради нападот на Русија.

— реклама —

-Русија ја напаѓа мојата земја. Мирни луѓе во украински градови. За мене ова е глупост. Потребна ни е помош од целиот свет. Оваа војна мора веднаш да заврши, порача таа.

— реклама —

За време на викендот, пејачката на Инстаграм објави дека заедно со децата ја напуштиле Украина без нејзиниот сопруг кој останал да ја брани нивната држава.

По доаѓањето во Истанбул, пејачката се вклучи во емисија во живо и зборуваше за напуштањето на нејзината земја.

-Вечерва пристигнав во Истанбул кај сестра ми. Одлучив да го напуштам Киев вечерта на 24 февруари кога во близина на мојата куќа се слушна експлозија. Одлучивме заедно со семејството да одиме во Западна Украина. Таму поминавме една ноќ со некои луѓе. Размислувавме таму да останеме и да чекаме да се разјасни ситуацијата, изјави таа.

Меѓутоа, откако беше заробен аеродромот во близина на Киев, одлучила да ја напушти земјата и сокривалиште да најде во Истанбул.

-Немам доверба. Дури и во 2016 година кога со песната „1944“ бев на Евровизија се беше поразлично. Во цела Русија се водеше кампања против моето семејство. Не се чувствувам сигурно, додаде пејачката.

https://twitter.com/kann_news/status/1498338079605723141?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1498338079605723141%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fscena%2Fpoznati%2Fukrinskata-pobednichka-na-evrovizija-ja-napushti-ukraina-sega-e-vo-turcija-se-vkluchi-vo-emisija-vo-zivo%2F

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања