Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Улицата „Методија Шаторов-Шарло“ во Аеродром добива нова хоризонтална сигнализација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Sarlo2

Улицата „Методија Шаторов-Шарло“ во Стар Аеродром добива нова хоризонтална сигнализација, како и направи за забавување на возилата со што значително се зголемува безбедноста во сообраќајот.

— реклама —

Станува збор за една од најфреквентните улици во овој дел на општината, во чија непосредна близина се наоѓа основно училиште, две градинки, како и детски игралишта.

Неодамна, неколкупати на оваа улица бевме сведоци на немили и трагични сцени за возачите и пешаците.

— реклама —

Токму затоа, посветени сме на создавање услови за слободно и безбедно движење на нашите деца, како и на сите пешаци, велосипедисти и учесници во сообраќајот. Интензивно работиме на зголемување на безбедноста низ целата општина преку преземање конкретни мерки и подобрување на видливоста на хоризонталната и вертикалната сигнализација.

Општина Аеродром апелира на свесност и совесно однесување во сообраќајот од сите граѓани и ги повикуваме надлежните институции најстрого да ги санкционираат сите оние кои ги прекршуваат правилата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања