Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Улици и патишта Скопје интензивно продолжува со активностите за уредување и санирање на кејот на реката Вардар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
6

Екипи на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје деновиве интензивно ги вршат активностите за санација на оштетените патеки на кејот, како и активностите со рачното и машинско чистење на косините на реката Вардар.

— реклама —

Продолжуваат активностите за санирање на пешачките и велосипедски патеки на кејот, изминатиов период санирана е оштетената површина на пешачката патека на потегот од од мостот "Обединети Нации" во долниот дел кон мостот кај хотел "Александар Палас" на насипот на реката Вардар, каде што беа и санирани и оштетени заштитни столбчиња. Санирана е патеката кај МАНУ и велосипедската патека под мостот „8ми Септември“, како и голем дел од површината на велопатеката која е во насока од мостот Влајко во долниот дел од кејот кон амфитеатарот.

— реклама —

Рачното и машинско чистење на нискостеблестата и погуста вегетација од косините и коритото на реката се одвиваше на потегот од мостот „8-ми Септември“ кон Центар од двете страни, потоа екипите продолжија од мостот кај МАНУ и рачно ја исчистија обраснатата трева од косините од десната страна, а екипи со машинското чистење го поминаа потегот од хотел „Александар Палас“ до делот под булеварот Никола Карев.

— реклама —

Рачното чистење е со тримери и со нив се коси обраснатата трева, а со машинското се собираат гранките и се отстранува наталожена земја и погуста вегетација од коритото на реката.

— реклама —

Исчистени се и скалилата на овој потег со обрасната трева, а моментално екипи ги чистат скалилата пред игралиштата за одбојка на кејот на река Вардар. Денеска екипите продолжуваат со санација на велопатеката која е во насока од мостот Влајко во долниот дел од кејот кон амфитеатарот, а екипите кои се задолжени за машинското и рачно чистење во наредните денови продолжуваат со активностите за чистење на потегот од ПИОМ кон мост „Близнак“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања