Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

УМС ВМРО ДПМНЕ Охрид: Ниту еден проект за младите, не се намалува младинската невработеност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
FullSizeRender-13-03-19-12-43

Охрид оди во погрешна насока, младинските политики се катастрофални и ја влошуваат состојбата на младите. СДСМ и кандидатот за градоначалник Константин Георгиески наместо знаењето во Охрид да го соберат, тие го растураат, истакна Александар Здравевски, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Дали тоа е животот со кој СДСМ и Георгиески, Охрид навистина ќе го направат пристоен европски град за младите?

— реклама —

Ве повикуваме заедно да ги посетиме ветените проекти за младите, најпрво Детскиот културен центар, а потоа и Младинскиот културен центар бидејќи ние не можеме да ги најдеме.

Како сте задоволен од реализацијата на проектот младинска гаранција?

— реклама —

Оваа Локална власт даде голем број ветувања за младите, но како поминува времето не гледаме дека се остваруваат, па разочарувањата кај младите се оправдани.

— реклама —

Ниту еден проект за младите, ниту една позитивна мерка и воопшто не се намалува младинската невработеност.

Младите се разочарани затоа што на вистинските места се погрешни луѓе во Охрид. За СДСМ и Георгиески поважна е партиската книшка или блискоста со партијата одошто знаењето или компетентноста.

— реклама —

Никогаш не било полошо, никогаш не било побезнадежно. Младите во Охрид веќе јасно стојат зад политиките на ВМРО-ДПМНЕ и гледаат единствен спас од оваа бесперспективност, истакна Александар Здравевски, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања