„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

УНЕСКО даде дополнителна една година за спроведување корективни мерки за Охридскиот Регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
ohridsko-ezero

Македонија доби дополнителна една година од УНЕСКО за да ги спроведе неопходните корективни мерки за заштита на Охридскиот Регион и да го зачува неговиот статус на светско природно и културно наследство.

— реклама —

Како што посочуваат од Минстерството за култура, одлуката предвидува дополнителна временска рамка од една година за реализација на активностите за заштита на вредностите на регионот, врз основа на препораките од реактивните мисии на УНЕСКО од 2020 и 2024 година и Стратегискиот план за рехабилитација.

„Оваа одлука е резултат на заедничките заложби на Владата на Република Македонија и на Владата на Република Албанија, кои беа препознаени од членките на Комитетот и другите надлежни инстанци“, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната прес-конференција, додавајќи дека станува збор за силна мотивација институциите најсериозно да пристапат кон итна имплементација на мерките.

— реклама —

Министерот Љутков потенцираше дека Владата, преку максимален ангажман и координација на сите надлежни институции – Министерството за култура и туризам, Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за заштита на културното наследство, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и домашните експерти – ќе работи на зачувување на статусот на Охридскиот Регион.

„Не смееме да дозволиме однос кон светското наследство како во минатото. Последните седум години речиси ништо не беше реализирано од препораките на УНЕСКО. Наместо заштита, бевме сведоци на игнорирање на експертските извештаи и системско разнебитување. Граѓаните имаат право да знаат дека токму претходната власт го доведе Охрид на работ на губење на својот статус“, рече Љутков.

Од Министерството за култура изразија голема благодарност до тимот од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и до членовите на делегацијата на Министерството за култура и туризам за успешно спроведената дипломатска мисија на сесијата во Париз.

фото:Unsplash

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања