Промени тема
Контакт

УНЕСКО го прогласи Скадарско Езеро за резерват на биосферата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
media-libraryr5cvtg6hai048l4Fpdf
фото: unsplash

УНЕСКО соопшти дека Националниот парк Скадарско Езеро во Црна Гора е прогласен за еден од 14-те нови резервати на биосферата во светот.

Во соопштението на УНЕСКО се наведува дека овие подрачја претставуваат живи примери за тоа како луѓето и природата можат да напредуваат заедно преку заштита на биолошката разновидност, поддршка на одржливиот развој и зајакнување на локалните заедници.

— реклама —

„Оваа година носи и неколку значајни пресвртници. Три држави ги добија своите први резервати на биосферата – Црна Гора, Тимор-Лесте и Аруба, при што целата територија на Аруба е прогласена за резерват на биосферата“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Од Министерството за екологија, одржлив развој и развој на северот на Црна Гора оценија дека впишувањето на сливот на Скадарското Езеро во мрежата на резервати на биосферата претставува историски момент за државата.

— реклама —

„Ова е историски момент за Црна Гора и уште една силна потврда дека богатството на нашата природа е препознаено и ценето на највисоко меѓународно ниво“, соопшти Министерството преку објава на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања