„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

УНЕСКО препорача Охридскиот регион да се отстрани од Списокот на светско наследство, еве кои други места можат да бидат отстранети од списокот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Ohrid

Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации (УНЕСКО) препорача отстранување подрачјето околу Охридското Езеро на албанска и на македонска страна да се отстрани од Списокот на светско културно наследство.

— реклама —

Венеција и Будимпешта би можеле да бидат ставени на листата на УНЕСКО на загрозено светско наследство, а трговското пристаниште во Ливерпул може да се отстрани од оваа листа, поради пребрзиот развој, објави организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура, пренесува „Н1“.

Препораката на советодавните тела на УНЕСКО беше објавена во очи на состанокот на Комитетот за светско наследство, кое ќе се одржи од 16 до 31 јули во Фужоу, Кина, на кој ќе се одлучува за евентуално прифаќање на овие препораки.

— реклама —

Влијанието на масовниот туризам во Венеција е еден од критериумите поради кои УНЕСКО побара градот да се стави на оваа листа.

Во однос на Будимпешта пак, погодени се бреговите на Дунав и областа на замокот Буда, дворскиот комплекс на унгарските кралеви, каде се наведува дека ненавременото рушење и големата изградба на особено високи згради ја менуваат природата на тие историски места.

Во однос на трговското пристаниште во Ливерпул пак, одлуката на УНЕСКО може да биде уште посилна бидејќи се работи за предлог за целосно тргање на тој објект од листата на светско наследство.

Според УНЕСКО, големиот проект за развој на пристаништето, наречен „Ливерпул вотерс“, ќе има големо негативно влијание врз историските градби. И покрај повеќекратните предупредувања на УНЕСКО, развојот на проектот не запре.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања